Во претпоследниот ден од годината на заминување, Дедо Мраз ги посети и дечињата во објектот „Цветови“ или попознат како Клон 4. Во пресрет на Новогодишните празници дел од вработените и група дечиња организираа забава за своите другарчиња од објектот.

Беше изведена полчасовна претстава на која сите присутни добро се забавуваа, а за крај Градоначалникот на Општина Кочани на секое дете што го посетува објектот му подари новогодишно пакетче.

Во знак на благодарност вработените од објектот на Градоначалникот му подарија украсена елка која во периодот што доаѓа ќе ја краси неговата канцеларија.

С. Ивановски

2

3

4

5

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари