Во организација на огранокот на Мултиетничкото Здружение на Граѓани  „Вешта жена“ од Кочани, денес во прекрасно преуредениот Млечен ресторан на „Балкан Лукс“ во централното градско подрачје беа доделени новогодишни пакетчиња за децата со посебни потреби.

Новогодишните пакетчиња се дел од доброволно собраните средства во здружението и имаат за цел на децата да им ги разубават новогодишните празници.

За да биде се во знакот на „Нова година“ на забавата присуствуваше и неизбежниот Дедо Мраз а беше пресечена и поделена Новогодишната торта.

Идејата која за прв пат беше реализирана минатата година, веќе прераснува во традиција.

С. Ивановски

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари