Завршувањето на уште една година беше повод Градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски да закаже средба со претставниците на медиумите од општината.

Во релаксирана атмосфера се разговараше за релацијата Локална самоуправа – медиуми.

По поединечните изјави од сите присутни на средбата произлезе заеднички заклучок дека во Локалната Самоуправа се задоволни од информирањето, а околу критиките во некои написи тие беа оценети како реални и со добра намера.

По завршувањето на средбата новинарите си ги добија новогодишните „пакетчиња“.

С. Ивановски

2

3

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари