Со традиционалното доделување на признанијата за најдобар пожарникар и најдобар работник во Локалната Самоуправа и официјално беше спуштена завесата во 2015 година за настаните кои ги организира Локалната Самоуправа.

За најдобар пожарникар во 2015 година е прогласен Боге Јованов на кој Градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски како награда му врачи телевизор.

За најдобар работник во Локалната Самоуправа – Кочани за 2015 година е прогласена Ирена Хаџиева – Раководите на секторот за финансии.

На средбата беа доделени и признанија за Виолета Панова и Бранко Мишев кои заминуваат во заслужена пензија.

За сите присутни беше организиран пригоден коктел

С. Ивановски

2

3

4

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари