По врнежите на снег кој паѓаше во последното деноноќие „Пониква“ е во бело. На радост на многубројните туристи кои за новогодишните празници заминаа на „Пониква“ сега можат да го почувствуваат вистинскиот зимски амбиент.

За дочекот на „Новата година“ осоговската убавица изгледаше просечно, но денес веќе таа е во својот препознатлив амбиент, покриена со снежна бела покривка.

Веста дека има снег беше предизвик за љубителите на зимските спортови да тргнат кон „Пониква“, но како што сме информирани сите не можеле да стигнат и да го почувствуваат првиот снег, бидејќи ветерот и врнежите на снег создавале услови кои повеќемина возачи не можеле да ги совладаат, па морале да се вратат назад.

Како и да е, ова е вистински почеток на зимата. За очекување е дека снегот ќе продолжи да паѓа и во наредните денови што е добар знак дека веќе од наредниот викенд ќе проработат и ски лифтовите.

С.Ивановски

2

3

4

5

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари