Општина Кочани излезе со нова објава за отуѓување на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање.

Предмет на наддавањето е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со деталнитe урбанистички планoви за град Кочани. Со објавата се нудат 14 парцели за индивидуално домување, од кои две се со компатибилна класа на намена, во месноста Прокарка, а  останатите се само за домување, на локации во Драчевик, Оризари, на крак на „Стамен Манов“.

Заинтересираните за викенд куќи на Пониква, имаат нова можност за избор од седум понудени парцели, со почетна цена од 61 денар за метар квадратен.

Со оваа објава се нудат и шест парцели за производство, дистрибуција и сервиси,  од кои две се со компатибилна класа на намена, на улиците „Бел камен“ и „Крижевска“, а останатите четири се во месноста Драчевик. За отуѓување е понудена и парцела за лесна индустрија и мало стопанство, со компатибилна класа на намена, во местото Ќерамидница.

Целосната објава со почетните цени на електронското јавно наддавање, роковите и постапката и условите за учество се објавени на веб-страницата на Општина Кочани.

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари