Сред бел ден извршено е разбојништво, ограбена е златара „Боно“ која се наоѓа во „Шопинг Центарот“ во Кочани, во централното градско подрачје.

Од СВР Штип информираат дека денес во 11:35 часот во Полициска Станица – Кочани е јавено дека во златара „Боно“ која се наоѓа во зградата на „Шопинг Центарот“ е извршено разбојништво.

Засега непознат сторител влегол во дуќанот и физички ја нападнал продавачката, по што од сефот одзел златен накит и се изгубил во непознат правец. Други поединости за грабежот од СВР Штип не соопштуваат, освен дека увид извршила екипа на полицијата откако добила овластување од обвинител. Вредноста на украдениот златен накит допрва ќе се проценува.

Се работи на расветлување на случајот а полицијата трага по сторителот.

Според она што денес можеше да се слушне по кафулињата лицето што ја ограбило златара „Боно“ било маскирано а пред да го однесе пленот со оружје и се заканил на продавачката. Но за ова засега официјална потврда нема од надлежните институции.

Во последните неколку месеци ова е втор грабеж на златара извршен во Кочани. Пред неколку месеци исто така сред бел ден беше ограбена златара спроти „Паркот на Револуцијата“ кога од сефот беше однесен златен накит.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари