Драги браќа и сестри, се обраќаме до вас бидејќи ни е потребно вашето милосрдие, нашиот двегодишен син пред 5 дена несреќно го загуби животот под урнатините на старата куќа, па  сега  освен тешките услови за живот ја имаме и болката по изгубеното чедо. Нашата мака е  неподнослива бидејќи стрепиме пред животот на останатите две деца  синот (8) и ќерката  (5) години.

Нам ни е потребно малку за да можеме да си го средиме животот и да  ги згрижиме нашите 2 деца, но кога и тоа малку го немаме едноставно  стоиме во место, не можеме да обезбедиме нормален живот бидејќи немаме основни услови: приклучок на вода, струја, дрва, садопер, електричен шпорет, болјер, кревети.

Јас сум невработена со нарушено здравје, а мојот сопруг работи во приватна фирма како лице со лесна попреченост, средствата што ги  прима не се доволни за да им обезбедиме нормален живот на нашите деца.

Средствата донирајте ги на сметка:210700000629181, Тутунска банка, Кочани

Освен со парична помош добредојден за нас е и секој друг прилог.

Господ ги благословува сите оние кои помагаат на сиромашни, нека ве благослови и Вас во овие големи духовни празници.

Семејство Трендафилови од село Оризари

Мајка Анита, татко Стојчо

Тел: 075-952-744

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари