Постојано кога ќе ни се укаже прилика пишуваме, дебатираме, препорачуваме, за зимскиот туризам на „Пониква“ се со цел читателите да имаа што поголема претстава за она што треба да се случи, а тоа е да се развие зимскиот туризам на осоговската убавица.

Иако со првиот снег започна и официјално зимската сезона од информациите до кои што дојдовме, дознаваме дека некој намерно или не го бојкотира зимскиот туризам на „Пониква“.

МЕПСО потроши големи средства во набавка на опрема се со цел истата наменски да се користи и еднаш за секогаш „Пониква“ да почне да живее, онака како што и приличи.

Дознаваме дека опремата (топовите за снег, ратракот и малото вештачко езеро) која на „Пониква“ и ја подари МЕПСО Општина Кочани не сакала да ја задолжи па истата ја презела Општина Пробиштип.

Иако сите капацитети на „Пониква“ се максимално исполнети засега нема абер да проработи големиот ски-лифт туку ќе се манипулира со работата на помалиот како да се каже дека лифтовите сепак работат. Претпријатието кое стопанисува со ски-лифтовите оправдување за неработењето на големиот ски лифт (Пониква 3) ќе бара во малите количини на снег. Но и тој што го има ќе биде доволен доколку со ратрак убаво се набие на патеката, па и ако го има во мали количини тука се топовите за вештачки снег кои во 2014 година ја имаа најголемата промоција во зимскиот туризам во Македонија. Но за да се донесат и пуштат во употреба топовите за снег и да се донесе ратракот ќе мора некој таа услуга да ја плати. Но за такво нешто не се верува дека постои интерес.

Но да почекаме, зимската сезона само што започна. Имаме доволно време да ја следиме состојбата па тогаш да излеземе со сигурни заклучоци. Но без разлика на се, очигледно е дека некој го бојкотира зимскиот туризам на „Пониква“.

Кој стои зад сето ова, одговорот треба да го дадат надлежните.

С. Ивановски

P3290720

DSCN5202

P3310875

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари