Членовите на Ротари клубот за Кочани и Виница продолжуваат со активности чија цел е помагање на граѓани што им припаѓаат на ранливите категории. Во случајов, станува збор за реализирање на проектот „Храна за сите“.

Во пресрет на Божик, „ротаријанците“ оовозможија шеесет пакети со храна, кои веќе се доставени до социјално загрозени семејства во општините Кочани и Виница.

Целта е сите на вистински начин да ги доживеат Божикните празници. Христовото раѓање е семеен празник,  сакаме трпезите кај сите да бидат полни. Им посакуваме мир, спокојство и благодет на семејствата што ги добија пакетите со храна. Истото им го посакуваме на сите граѓани од православна вероисповед. За многу години Божик“,  порача, Тоше Манев, Претседател на Ротари клубот за Кочани и Виница.

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари