Сопствениците на семејните домови и на продавниците сместени на десната страна од улицата „Димитар Влахов“ веќе неколку години чекаат надлежните да се смилуваат и да го исполнат ветеното, да го направат тротоарот пред нивните влезови. „Уште во времето на Градоначалникот Љубомир Јанев, односно во последната година од неговиот мандат се направи тротоарот од левата страна на улицата „Димитар Влахов“ и со истото темпо требаше да се направи и другиот крак. За жал со промена на власта се застана, не ни го направија а на општината навреме ги регулираме сите обврски. Ние не бараме нивна милостина, туку бараме да го почитуваат она што го ветуваат“ порачаа дел од стопанствениците чии влезови на дуќаните се речиси унакажани од состојбата на тротоарот. Посебно е ризично кога овде се поминува ноќе, бидејќи тротоарот е речиси целиот искршен и некој може да се повреди. Кој знае можеби еден ден и на овие граѓани ќе им се исполнети желбите, само за тоа ќе треба локалните моќници да се смилуваат и да го направат тротоарот онака како што доликува за во централното градско подрачје. С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари