Денес околу единаесет часот на патниот правец Кочани-Штип кај м.в. „Косовка“ се случи сообраќајна незгода во која учествуваа две кочански возила, „Форд Ескорт“ и „Пежо 405“.

„Во 11:28 часот ТППЕ – Кочани доби дојава за сообраќајна незгода што се случила кај „Косовка“. Интервенирано е со едно возило и тројца пожарникари. Од силината на ударот едното возило моравме да го сечеме за да го извадиме лицето кое беше приклештено во него. Интервенцијата беше завршена во 12:05 часот“ изјави Командирот на дежурното одделение во ТППЕ – Кочани Горан Ѓоргиев – Гане.

И двете повредени лица од возилата со кола на „Итна помош“ – Кочани се префрлени во Општа Болница Кочани од каде поради сериозноста на повредите се префрлени во Државана Болница – Скопје.

С. Ивановски

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари