Новата година започна со новородено машко дете. Во Акушерското одделение во Општа Болница во Кочани Стефанија Ристова од Јакимово ја роди својата трета рожба, на свет донесе машко дете, тешко 3.120 грама и 49 см. должина. Според изјавата на дежурниот лекар Фонзи Јуруков и мајката и бебето одлично се чувствуваат.

По тој повод денес Гинеколошко-акушерското одделение во Општа Болница – Кочани, го посетија Градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски, директорот на Општа Болница, д-р Дејан Апостоловски и Елизабета Николова, претставник на Компанијата „Ледер“ од Кочани.

Градоначалникот Димитровски од име на Општина Кочани, со букет цвеќе и ја честиташе приновата на мајката, а новороденото бебе го даруваше со златно синџирче и новогодишно пакетче, додека директорот на Општа Болница, Апостоловски и подари букет цвеќе и пакет за бебето. Компанијата „Ледер“ и оваа година остана верна на традицијата, нивниот претставник Елизабета Николова, на мајката и на новороденото девојче им подари букет цвеќе и телевизор.

Стефанија Ристова како што изјави иако со нејзиниот сопруг Ангелчо Ристов не се вработени, сепак се среќни луѓе а од сега заедничката среќа ќе ја делат со нивниот новороден син и двете претходно родени девојчиња.

С. Ивановски

2

3

4

5

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари