Континуитетот на кражби во Кочани и околината продолжува. Нема ден да не помине а граѓаните да не пријават некаков грабеж. Последен во низата е „Фреш маркет“ сместен во непосредна близина на Градскиот плоштад во Кочани.

Утринава нешто по 05:00 часот непознат сторител влегол во објектот од каде за мошне кратко време однел 105 штеки цигари од познати брендови, околу 5.000,00 денари и друга роба која можел на брзина да ја собере.

Разбојништвото било забележано утринава кога вработените во „Фреш маркет“ дошле на работа и забележале дека ги нема катанците на вратата од објектот. Веднаш била известена полицијата која извршила увид на местото на настанот.

Се трага по сторителот а првичната информација дека по се изгледа се работи за познати малолетници ја „рушат“ фотографиите од безбедносните камери на кои се гледа големината на крадецот.

Продавницата „Фреш маркет“ е во сопственост на „Компанијата Моневи“ од каде излегоа со соопштение дека во последните неколку дена ова е трет нивни дуќан што се ограбува. Истовремено тие апелираат до полицијата за посериозна ангажираност околу пронаоѓање на сторителите.

Очекуваме подетални информации во наредните денови.

С. Ивановски

1

2

3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари