По завршувањето на есенскиот дел од првенството во Третата Фудбалска Лига „Исток“ тренерот на ФК „Осогово“ Крсте Крстев по втор пат си поднесе оставка за период од три месеци.

И сега додека трае паузата во првенството а на прагот се подготовките за пролетната сезона никој од клубот не сака да ја информира јавноста за тоа кој ќе седне на „жешката клупа“ наместо Крстев.

Сите релевантни структури во клубот молчат па некакви претпоставки и не доваѓаат во предвид.

Сепак деновиве од член на Управата на клубот слушнавме дека на големо се зборува дека Крстев ќе продолжи и во пролетниот дел од првенството бидејќи сега за сега никој не се нафаќал на таа функција.

Како и многупати досега чекаме изјави од одговорните во клубот, а кој ќе го води „Осогово“ во продолжение на првенството ќе биде познато за мошне краток период.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари