Високите температури што се искачија и до 10 степени над нулата и обилните врнежи на дожд што го зафатија регионот минатата недела се главната причина за преполнување на акумулацијата „Гратче“.

Надојдените води од Мала и Голема река го наполнија езерото „Гратче“ до максималната граница па кон крајот на минатата седмица имаше и прелевање на водата.

Од мерењата кои ги извршија вработените од водостопанство „Брегалница“ покажаа дека нивото на водата е на максималната кота но сепак деновиве е забележана тенденција на опаѓање.

Токму тенденцијата на опаѓање придонесе преливот да престане со што се постигна стабилизирање на акумулираната количина.

За потсетување само дека кон крајот на месец Август намалувањето на водата во акумулацијата „Гратче“ беше загрижувачка, нивото беше намалено за 4 метри. Големата суша беше причина вода да нема во езерото од „Еуромотел Гратче“ кон Голема и Мала река, што ако продолжеше и понатака да опаѓа во прашање ќе го доведеше и постоењето на живиот свет во езерото.

С. Ивановски

2

3

4

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари