Кон крајот на минатата година од Општина Кочани упати Повик, а Градоначалникот распиша Конкурс на кои можат да учествуваат сите спортски клубови и здруженија во општината.

Упатениот Повик од страна на Општина Кочани се однесува спортските клубови и здруженија да пријават свои кандидати за годинешната манифестација „Избор на спортист на Кочани за 2015“ а Конкурсот е за доделување „Спортска стипендија“ на спортист, спортска надеж,  за остварени резултати во минатата година.

Конкурсот за „Спортска стипендија“ завршува на 15 овој месец, а пријавувањето за „Избор на спортист на Кочани за 2015“ завршува на 20-ти.

По завршувањето на предвидените рокови пристигнатите пријави нема да бидат разгледувани.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари