Куќата во која е родена и во која живеела револуционерката Малина Попиванова е распадната.

Изградена уште на почетокот на минатиот век во најстарото кочанско маало Доклевец денес куќата изгледа очајно. Напуштена и оставена на забот на времето од куќата уште се држат некако делови од надворешните ѕидови, но како времето поминува не е далеку денот кога од неа нема да остане ништо.

Соседите велат дека некогаш пред повеќе од петнаесет години кај градските власти постоела идејата куќата да се претвори во некаков музеј, но се останало само на идеја.

Ова е уште еден показател како се грижиме за сопствената историја. Кога во време во кое се едноставно фрлаат пари за некои новитети можело да се изнајдат средства куќата на Малина Попиванова да се реставрира, да се заштити и да остане еден спомен на градот.

Вака како што стојат работите од сето тоа ќе нема ништо.

С. Ивановски

2

3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари