Синоќа (Среда) околу 20:30 часот на магистралниот пат Штип-Кочани во близина на селото Тркање се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно од лицата учесници во сообраќајот се здоби со повреди.

Во несреќата во која учествувале тешко товарно возило и патничко моторно возило „Хјундаи“ возачот на ПМВ се здобил со повреди и истиот веднаш е хоспитализиран.

На местото на настанот полициски екипи вршат увид за причините на сообраќајката.

Сообраќајот на магистралниот пат подолго време е затворен а возилата се пренасочуваат по локалните патишта.

С.Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари