Секторот за финансиски прашања од Општина Кочани излезе со податоци за наплата на данокот на имот и комунална такса за 2015 година.

Минатата година беа доставени 10.957 решенија за данок на имот на физички лица со вкупен облог од 10.815.662,00 денари. Реализацијата е 11.612.569,00 денари или 107,4% во однос на облогот, соопшти Дејан Рашков од Општина Кочани. Во 2015 година се доставени 214 решенија за данок на имот на правни лица со вкупен облог од 3.407.518,00 денари и е остварена реализација од 2.733.997,00 денари или 80,2% во однос на облогот.

„По двете основи за данок на имот се генерирани вкупно 11.171 решение со облог од 14.223.180,00 денари, а вкупната реализација е 14.346.566,00 денари или  100,9%. Задолжувањето за данок на имот за 2015 во однос на 2014 година е зголемено за околу 980.000,00 денари што е последица од воведување на нови даночни обврзници, а реализацијата во однос на 2014 година е зголемена за 12%“ соопшти Рашков.

Лани, по основ на комунална такса-фирмарина се генерирани 2012 решенија со вкупен облог од 8.979.250,00 денари. Реализацијата е 6.160.244,00 денари или 68,6% во однос на облогот.

„Добрата реализација на општинските даноци и давачки кои се директен приход на општината се должи на навремената достава на решенијата и создавањето на даночна дисциплина кај граѓаните, а која предизвикува нови капитални инвестиции и создавање на подобри услови за живеење“ рече Дејан Рашков од Секторот за финансиски прашања.

Рашков ги извести жителите на Кочани дека во текот на февруари оваа година ќе бидат доставени решенијата за општинските давачки за 2016 година. Тој потсети дека сите физички и правни лица што го немаат пријавено имотот или називот на деловната просторија имаат законска обврска да го направат тоа со даночна пријава во просториите на Општина Кочани.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари