Со последната објава за продажба на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, Општина Кочани нуди за отуѓување 14 парцели за индивидуално домување, 7 парцели за викенд куќи на „Пониква“ и  3 за индустриски објекти“ соопшти на средба со новинарите, секретарот на Општина Кочани, Петар Апостолов.

Минатата објава покажа голем интерес за плацевите на „Пониква“, и тоа од граѓани од различни краеви на државава. Затоа потсетуваме дека и со оваа објава нудиме атрактивни парцели на „Пониква“, а рокот за поднесување на потребната документација за учество во јавното наддавање е до 20 јануари. Овој рок се однесува и за плацевите за индивидуално домување коишто се на локации во „Прокарка„, „Драчевик“ и Оризари“ додаде Апостолов.

Рокот за пријавување за плацевите за индустриски објекти, коишто се нудат во „Лесна индустрија“, „Белски Дол“ и во „Ќерамидница“, е до 30 јануари.

Почетната цена е 61,00 денар за метар квадратен, освен за две градежни парцели за индустриски објекти, за кои е 563,00 денари за метар квадратен.

Секретарот на Општина Кочани ги повика заинтересираните да ја искористат понудата на градежно земјиште од најновата објава што ја распиша Општина Кочани.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари