И ова Европско Првенство во ракомет што се одржува во Полска нема да помине без кочанските „амбасадори“.

Облечени во жолто-црвена комбинација со задолжителното Македонско знаме до кое го пишува и градот Кочани на првиот натпревар „Македонија“ – „Франција“ се најдоа трибините во арената „Таурон“ во Краков.

Се радуваа на секој убав потег и постигнат гол на нашата репрезентација, ги бодреа нашите момчиња за време на целиот натпревар, но на крајот сепак не можеа да и се израдуваат и на победата.

Но што е тука е, имаме уште два натпревари во групата од кои се надеваме дека еден ќе решиме во наша полза и дека нашите момчиња ќе го продолжат престојот на првенството а со тоа и „амбасадорите“ од Кочани ќе се преселат во друг град на Полска.

Одиме понатака.

С. Ивановски

3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари