Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Кочани, вечерва пред одржувањето на првата седница им ги врачи Решенијата на новите членови на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Кочани.

Во новиот Општински Комитет кој брои 28 членови освен оние кои влегуваат по автоматизам се избрани уште дополнителни 20.

По автоматизам влегуваат: Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Кочани, Градоначалникот, Претседателот на Советот, пратеникот во Собранието на Република Македонија, Претседателот на Унија на жени, Претседателот на Унија на млади сили, Претседател на Унија на ветерани и членот на Централниот комитет.

Функцијата Потпретседател во овој мандат ќе ја извршува Анче Трифунов, Секретар е Марија Ананиева а Благајник Дарко Стојчевски.

Инаку верификувањето на мандатите на новите членови на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Кочани беше добиено на седницата на Централниот Комитет на партијата што се одржа во четвртокот во Скопје.

С. Ивановски

DSCN9855

DSCN9856

DSCN9857

DSCN9858

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари