Од утре, 22 јануари во 19 ч. во СОУ „Љупчо Сантов“ ќе започне основниот курс за практично водење сметководство, примена на даночно законодавство и контрола на финансиски извештаи.

Курсот е бесплатен и е наменет за сите заинтересирани дипломирани економисти, без оглед на возраста и на работното искуство, што сакаат да се стекнат со практично знаење од областа на сметководството и даноците. Во текот на обуката учесниците ќе добијат  бесплатни консултации и помош во водење на сметководство во нивните деловни субјекти и практична обука на софтвер за водење на сметководство.

„Во краткиот рок за пријавување беше покажан голем интерес, така што наместо една, формираме две групи. Има уште неколку слободни места  за дополнување на  втората група. Заинтересираните можат да се пријават во Едношалтерската канцеларија во Општина Кочани до утре, до 16 ч.“ соопшти Голубинка Георгиева од Одделението за јавни дејсности во Општина Кочани.

Курсот што организира Општина Кочани ќе трае до 22 март. Предавач ќе биде Васе Коцев, дипломиран менаџер по царина и шпедиција, овластен сметкводител од Министерството за финансии.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари