Денес точно во 13:00 часот третолигашот од Виница „Слога 1934“ ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во Третата Фудбалска Лига – Исток.

Како што истакна Претседателот на клубот Зоран Васевски подготовките ќе се реализираат во три фази: физичка подготвеност, техничко тактичка и одигрување на подготвителни натпревари.

Планирано е да се одиграат 6-8 контролни натпревари што ќе биде доволно екипата спремно да ја дочека сезоната во која ќе се бори за зачувување на третолигашкиот статус.

Засега нема најавено заминување на ниту еден играч, а коко што истакнува Васевски во преговори се со неколку искусни играчи кои со помош на сегашниот кадар би требало да обезбедат што повеќе бодови за зачувување на место во Третата Фудбалска Лига Исток.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари