Откако ги помина Новогодишните и Божиќните празници со најблиските, Борис Васевски се врати на обврските во Швајцарскиот третолигаш „Лензбург“.

Деновиве клубот ги започна подготовките за пролетниот дел на сезоната.

Одморот заврши, морам да стигнам навреме за првиот ден од подготовките. Не очекуваат пеколни подготовки каде ќе работиме истовремено и на физичката подготвеност и на техничко тактичкиот дел. До 24 февруари планираме добро да се подготвиме а потоа заминуваме за Валенсија (Шпанија) каде се договорени неколку контролни натпревари. Првенството ни започнува на 05 Март а јас конечно успеав во договорот со тренерот да заиграм со мојот најсакан број на дресот, 11“ ни рапортираше Борис Васевски пред да замине за Швајцарија.

Очигледно е дека играчката кариера на Васевски е во нагорна линија. Регионалниот клуб „Нидерленз“ е минато, сегашност е „Лензбург“ а кој ќе биде иднината, времето кое работи за Борис ќе покаже.

С. Ивановски

2

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари