Почитувани сограѓани.

Тоше Илиев од Кочани традиционално, четврта година по ред ќе го организира хуманитарниот концерт „По патеките на Тоше“.

Во изминатите три години, Илиев преку ваквите настани обезбеди парични средства за помош на наши сограѓани. Оваа година собраните парични средства од концертот ќе бидат наменети за Методи Митев од Кочани, за неговата операција во Кина.

На овогодишниот концерт ќе настапат познати музички имиња од Македонија како што се: Александар Белов, Јоце Панов, Мартинијан Кириловски, Дејвид Стојков, Иле Петровски, Ален Хасановиќ, Рада Јаневска, Рената Кралевска, Јордан Манов, Дарко Тоневски, Оливер Стаменков, Бојан Андов, Сања Лефкова, Даниел Савиќ, Коки и Тајфата, Бранкица Свирков, Симеон Иванов – Канго, и музичките групи: „Харем“, Фул бенд“, „Криптон“ и други.

Концертот е поддржан од Општина Кочани. Во организацијата на концертот се вклучени и младинските организации од двете средни училишта во Кочани: М.О. „Авангард“ – СОУ „Гошо Викентиев“ и М.О. „Единство“ – СОУ „Љупчо Сантов“.

Се надеваме дека и оваа година со Вашето присуство ќе ја наполните салата до последното место и ќе уживаме со нашите музички имиња, истовремено знаејќи дека сме дел од една голема хуманитарна цел.

Концертот ќе се одржи во Понеделник (25.01.2016 година) во „Спортската сала“ кај СОУ „Љупчо Санотов“ со почеток во 20:00 часот. Влезницата чини само 100,00 денари.

Уште еднаш да ја покажеме хуманоста на дело.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари