ВО КОЧАНИ ФОРМИРАНО ДРУШТВО ЗА СПАСУВАЊЕ ВО ПЛАНИНСКИ УСЛОВИ

јули 1, 2022
1 минути

На ден 29.06.2022 година (Среда) во Информативниот центар на општина Кочани лоциран на „Пониква“ за потребите на ДПСС „Осогово“ Кочани од страна на Дирекцијата за заштита и спасување реализирана е потребната обука за успешно и непречено извршување на основната и примарна задача на друштвото спасување на планина.

На обуката како гости присуствуваа и членовите на ДППД Кочани.

Благодарност до обучувачите од ДЗС за максималната професионаност и големата желба да го пренесат своето знаење и искуство на припадниците на ДПСС.

ДПСС „Осогово“ – Кочани