Кандидатите за спортска стипендија од Општина Кочани, не ги исполнуваат условите за добивање стипендија, па градоначалникот Ратко Димитровски по вторпат распиша Конкурс за доделување една  стипендиja на спортист – спортска надеж на општина Кочани за остварени спортски резултати и достигнувања во 2015 година.

Кандидатите треба да се жители на општина Кочани, на возраст од 17-20 години, да се членови на спортски клуб, друштво или асоцијација регистрирана во Агенцијата за млади и спорт со решение за вршење дејност спорт и да се членови на национални спортски федерации кои реализираат национални спортски систем на натпревари и учествуваат во меѓународни натпревари за возрасни категории до 20 години.

За стипендијата можат да конкурираат спортисти во индивидуални спортови врз основа на остварени спортски  резултати според утврдената Ранг-листа на најуспешните млади спортисти до 20 години од страна на националната спортска федерација и  спортисти во екипни спортови врз основа на составот на репрезентациите до 20 години според утврдената Ранг-листа на најуспешните млади спортисти до 20 години од соодветниот спорт, подготвени од страна на националните спортски федерации.

Кандидатите за стипендија треба да бидат учесници на национални или меѓународни систем натпревари во борење, велосипедизам, гимнастика, карате, кошарка (машка и женска), скијање, тенис, триатлон, машки и женски фудбал и во шах.

Конкурсот ќе трае од 1-10 февруари. Критериумите за доделување стипендии и начинот за пријавување се опишани во конкурсот којшто е објавен на веб-страницата на Општина Кочани. Пријавата и потребната документација се доставуваат до Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или по пошта на адреса на Општина  Кочани.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари