Пред повеќе од година дена МЕПСО за развој на туризмот на „Пониква“ донираше опрема, но која фајда од сето тоа кога дел од опремата стои како зимски експонат.

Топовите за вештачки снег кои беа пуштени да работат пред голем број на медиуми оваа година воопшто не проработеа.

Колку и да сакаме да бегаме од вистината, тие мораше да се активираат уште во месец Декември за да љубителите на зимските спортови имаше каде да го поминуваат викендот.

Вака, се сè остави на мајката природа. Се чекаше денот кога ќе заврне снег за да почнат да се прават патеките за скијање. Снег заврна, но што ако до тоа не дојдеше? Топовите за снег ќе останаа паркирани на страна без да има некој желба истите да ги активира.

Ако се продолжи на ваков начин да се развива зимскиот туризам, можеби надлежните од МЕПСО ќе се предомислат, ќе си ја земат опрената и ќе ја донираат на друг зимски спортски центар каде се има и желба и традиција да се негуваат зимските спортови.

С. Ивановски

DSCN9973

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари