Во третата седмица од годината се регистрирани нови 34 лица заболени од грип. Ако на оваа бројка се додадат и претходно регистрираните 10, моментно во Кочани се регистрирани 44 лица заболени од грип.

Според лекарите поради променливите временски услови се очекува бројката во последната седмица и во месец Февруари да биде значајно зголемена.

Се претпоставува дека бројката на заболени е поголема но извесен број на лица заболени од грип не побарале лекарска заштита туку тие се подложени на домашно лекување.

Поголемиот број на заболени се меѓу 15 и 64 годишна возраст, додека мал е бројот на заболени од предучилишна и школска возраст.

Лекарите препорачуваат избегнување на групни собирања, почесто земање на витамини, задолжително миење на рацете и проветрување на просториите.

Поголемиот број на пријавени лица кои се заболени од грип пријавени се од страна на нивните матични лекари.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари