Во организација на Општина Кочани вечерва во хотел „Национал“ во Кочани на свечен начин беа прогласени „Најуспешните спортисти на Кочани за 2015 година“.

Признанието „Најдобар спортски работник“ за 2015 постхумно му беше доделено на прерано починатиот д-р Блаже Ѓорѓиев од  Карате Клуб „Партизан“. Признанието на неговата сопруга и го врачи Љупчо Папазов, Претседател на ОФС – Кочани.

Од номинираните тројца тренери, за „Најуспешен тренер“ е прогласен Николче Колев од КГС „Кочани“ кој воедно ја извршува и функцијата Селектор на Македонската гимнастичка репрезентација.

Екипата на Карате Клуб „Паризан“ го доби признанието „Најуспешна екипа“. Освен Карате Клуб „Партизан“  во оваа конкуренција уште три клуба беа номинирани.

Од вкупно пријавените 28 млади надежни спортисти, комисијата признанија им врачи на 12 кои во изминатата година остварија мошне добри резултати. Признанијата на Јана Николова (КГС „Кочани“), Верица Карова (Карате клуб „Кочани“), Ѓорѓи Петров (КК „Партизан“), Роберто Здравковски (КК „Партизан“), Антонио Јаношевиќ (КГС „Кочани“), Ристе Симеонов (КГС „Кочани“), Јован Манев (ФК „Кочани“), Кристијан Грозданов (КК „Партизан“), Мартина Шахинова (КК „Партизан“), Ѓорѓи Зашев (ФК „Фудбал старс“), Љубомир Давитков (КК „Кочани“) и Александар Ѕ’мбов од КК „Баскет Дино“ им ги врачи Голубинка Георгиева – Раководите на Одделението за јавни дејности во Општина Кочани.

За „Најуспешен спортист“ на Кочани за 2015 година е прогласен Мартин Стојменов, член на Карате Клубот „Партизан“ од Кочани кој на Балканското првенство што се одржа во Дубровник (Хрватска) освои две сребрени медали, во поединечна и екипна конкуренција. Веднаш зад него се пласираше неговиот клупски колега Димитар Јакимов, освојувач на сребрен медал во екипна конкуренција на Балканското првенство. Третото место му припадна на Петар Каров, член на КГС „Кочани“ кој во 2015 година ја понесе титулата „Најдобар гимнастичар во Македонија“ во категоријата јуниори. Анета Ѓорѓиева од ЖФК „Кочани“ беше четврта, а Иван Серафимов, член на Кошаркарскиот Клуб „Баскет Дино“ беше петти.

Признанието „Спортска личност“ годинава му беше доделено на Љупчо Папазов, актуелен Претседател на ОФС Кочани и Претседател на ФК „Кочани“ клуб кој изминатата година прослави десет години од своето постоење.

Признанија им беа доделени и на новинарите претставници на четирите медиуми во Кочани: ТВ Кочани, ТВ Канал 8, Радио Кочани и електронскиот портал Комарец.

За посебен придонес во известувањето од спортските настани, посебно признание му беше доделено на Киро Герасимов, долгогодишен новинар во Македонската радиотелевезија.

С. Ивановски

2

3

4

5

6

7

8

9

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари