Доволно е да се погледнат коментарите што изминатите 48 часа беа поставени на социјалните мрежи за да на човек му биде јасно за каков организатор и за каква приредба станува збор.

Имено во петокот во Хотел „Национал“ во Кочани се одржа традиционалната манифестација „Избор на спортист за 2015 година“. И на самиот избор се случи она што во изминатите 46 години се нема случено на ваквите манифестации.

Имено годинава во конкуренција за „Најдобар спортист“ од клубовите беа предложени пет спортисти. Комисијата доделувајќи поени ја направи ранг-листата на петте пласирани, за жал на самата манифестација на сцената се покануваа по некој измешан редослед, освен најдобриот кој беше последен прочитан, онака како што приличи. Но за да иронијата и срамот бидат уште поголеми, организаторот на манифестацијата Општина Кочани, награда и Благодарница му врачи само на победникот, додека сите останати четири спортисти останаа со празни раце.

Вакво нешто никогаш се нема случено. Ваков срам и омаловажување на спортските резултати и понижување на спортистите ниту е било, а веруваме дека и во иднина нема да се повтори.

Срамот е направен. Клубовите, спортистите и нивните роднини и пријатели со право негодуваат, но најдобро е да се пребараат социјалните мрежи па да се видат сите реакции.

Ајде, можеби идната година нема да ја повторат грешката, секако доколку се сетат на годинешната.

С. Ивановски

DSCN0049

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари