Во организација на ПК „Тетекс“ од Тетово, во саботата и неделата беше организирано т.н. летно искачување на врвот „Титов Врв“ кој со своите 2.747 метри е втор по височина во Република Македонија, веднаш зад врвот „Голем Кораб“. Годинава по 10-ти пат на маршот учествуваа и планинарите од ПСД „Осогово“ од Кочани, кои заедно со уште стотина планинари од Тетово, Скопје, Куманово, Велес, Делчево како и од Република Србија и Република Словенија го освоија врвот. Маршот траел 8 часа активно искачување а патеката изнесувала околу 25 километри. Со учеството на овој марш планинарите од ПСД „Осогово“ од Кочани уште еднаш покажаа дека не постои ниту една планинарска акција во државата која тие ја пропуштаат, напротив учествуваат на сите од ваков вид акции и достојно го презентираат името на Кочани и на планинарскиот спорт во градот. С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари