Со изградбата на станбениот објект зад „Војни отсек“ се отвори проблем за учениците во ОУ „Никола Карев“.

Имено при изведувањето на градежните работи на новиот станбен објект мораше да се отстрани оградата на дворот на училиштето „Никола Карев“ која се наоѓаше во должина на истоимената улица.

Зградата одамна е завршена а оградата не е вратена на потребното место бидејќи крадци ја однеле во непознат правец.

Сега се појави проблем кој ги засега родителите не децата кои посетуваат настава во училиштето.

Отворениот простор се користи како див паркинг, па дечињата мора да внимаваат кога ќе се најдат на влезот во училиштето. Освен за учениците и професорите во училиштето имаат проблем со диво паркираните возила. Оние што на работа доаѓаат со сопствено возило поради зафатениот простор се приморани возилата да ги оставаат каде што ќе најдат слободен простор за паркирање.

Како што истакна Градоначалникот на Општина Кочани Ратко Димитровски, надлежните се запознаени со проблемот. Тие ќе ја направат оградата онака како што му личи на училиштето, но откако ќе најдат средства во буџетот од каде ќе се финансира изградбата.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари