На 41-вата седница на Советот на Општина Кочани, како едно од седумте поставени советнички прашања до Градоначалникот беше „Како размислуваат надлежните да се справат со чавките во градот“?

Факт е дека со сечењето на дрвата во „Грдовски орман“ и по должината на течението на реката Брегалница чавките масовно ги запоседнаа дрвата во градот. Ги има во „Паркот на Револуцијата“, кај „Споменикот на слободата“, на дрвјата покрај кејот на „Кочанска река“, поточно секаде каде што има дрва.

Нивниот врисок евидентно е дека им смета посебно во раните утрински часови и пред да стапи мракот на луѓето чии домови се наоѓаат во непосредна близина на нивните гнезда. Им сметаат и на минувачите кои шетаат покрај кејот на реката и на оние чии возила се паркирани под дрвјата каде имаат гнезда, едноставно сметаат на многумина.

За да се отстранат со помош на новата технологија потребни се големи средства кои општината ги нема, па како што истакна Димитровски мора да се изнајде адекватно решение со кое ако не целосно барем во голем дел да бидат отстранети.

Но за жал колку повеќе надлежните го одолговлекуваат овој проблем бројот на чавките рапидно ќе се зголемува, па во блиска иднина уште потешко ќе можат, ако не целосно да ги отстранат барем делумно.

С. Ивановски

P2210116

P2200079

P3830103

kola1

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари