Голгетерот и несомнено една од главните оски во екипата на ЖФК „Кочани“ Афродита Салихи во овој зимски преоден рок го напушти Кочанскиот прволигаш.

Салихи пред десетина дена си ги зеде документите и потпишала за лидерот во годинешното првенство „Драгон 2014“.

Не треба да се трошат зборови што ќе значи заминувањето на Салихи, но факт е дека нападот и те како ќе биде ослабен а прашање е дали сега кочанчанки ќе можат да тргнат по титулата бидејќи првенството го завршија со само еден пораз и тоа од „Драгон 2014“.

Афродита Салихи и во минатиот зимски преоден рок беше поврзувана со заминувањето во „Драгон 2014“ но тогаш се „премисли“ и остана уште една година во Кочани.

Дали заминувањето на Салихи е почеток на крајот за големиот тим како ЖФК „Кочани“ набргу ќе дознаеме.

С. Ивановски

P3500867

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари