Со посетата на Градоначалникот на Општина Кочани Ратко Димитровски и претставникот на Швајцарската агенција за соработка и развој Јасминка Пашалиска Андоновска на објектот „Цветови“ (Клон 4) кој работи во состав на Детска градинка „Павлина Велјанова“ беше официјализирана завршницата на проектот „Реконструкција на ЈОУДГ Павлина Велјанова – Клон 4“.
Реконструкцијата се состоеше во замена на досегашните прозорци и надворешните врати со нови ПВЦ со што се зголемува енергетската ефикасност во објектот.
Во овој проект Швајцарската агенција за соработка и развој инвестираше средства во висина од 700.000,00 денари а Општина Кочани 180.000,00 денари плус ДДВ.
Во знак на благодарност кон инвеститорите од вработените и дечињата од ДГ „Павлина Велјанова – Клон 4“ беше организирана културно забавна програма.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.