Почитувани,

Со задоволство Ве информираме дека заврши првиот дел од активностите на Проектот „Заштитс и промоција на група платанови стебла во село Мородвис“ кој ЗГ „Движење за одржлив развој“ – Кочани со подршка од Општина Зрновци го спроведува во рамките на Програма за зачувување на природата во Македонија, како дел од програмската активност за директна поддршка на локалните заедници и единиците на локалната самоуправа во нивните напори за зачувување на природата и примена на принципите на одржлив развој.

Активностите се поделени во два дела и ќе се реализираат во периодот

октомври 2015-април 2016 година.

Активностите за проектот започнаа во октомври 2015год, со реализација на Јавен повик за набавка на консултантски услуги за изработка на Елаборатот за валоризација на природната реткост платанови стебла (Platanus orientallis) во с.Мородвис, во координација со Националниот координатор. Беше спроведена постапка за набавка на консултански услуги од страна на Комисијата за набавки согласно дадената методологија. Како фирма ностител на активностите за подготовка на Елаборатот се избра фирмата за еколошки консалтинг „Деконс-Ема“ ДОО Скопје.

Во периодот ноември-декември се изготви Елаборатот и истиот беше презентиран пред Градоначалникот на Општина Зрновци и советниците од општината. Елаборатот е прифатен и одобрен на седница на Советот на Општина Зрновци на 18.12.2015год. и со ова е овозможено истиот да биде проследен кон „Министерството за животна средина и просторно планирање“ на Р. Македонија.

Примерок од Елаборат заедно со  Одлука од Советот на Општина Зрновци за потребата од прогласување на платановите стебла во Мородвис како природна реткост, со пропратно писмо и сите потребни анекси и картографски прикази, се поднесени до МЖСПП на Р.Македонија за ре-прогласување на природна реткост.

Со ова заклучно со месец јануари се реализирани првиот дел на активностите од проектот.

Со добивањето на Решението од МЖСПП на Р.Македонија за прогласена природна реткост на платанови стебла (Platanus orientallis) во с.Мородвис  ќе продолжат активностите од вториот дел на проектот како:

  1. Конзерваториски итни мерки за заштита на платанови стебла (Platanus orientallis) и уредување на простор,
  2. Изработка на едукативни материјали (брошура и флаери) за промовирање и значењето на платанови стебла (Platanus orientallis),
  3. Изработка на едукативни табли и патокази, и
  4. Одржување на едукативно предавање за значењето на платанови стебла (Platanus orientallis).

Сите активности се во координација помеѓу ЗГ „Движење за одржлив развој“-Кочани, Општина Зрновци и ПЗП.

Проектот ќе придонесе за заштита на уште една природана реткост во Република Македонија како и промовирање на природните убавини на пошироката јавност.

Програмата за зачувување на природата во Македонија е проект на  Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координиран од „Helvetas Swiss Intercooperation“ и „Фармахем“ со цел да и помогне на Република Македонија во зачувување на големата биолошка разновидност и природните еко системи преку промоција на нивното одржливо користење и управување.

Со почит.

ЗГ Движење за одржлив развој Кочани

Координатор

Васил Пендевски

24

 

5

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари