Во последната седмица од месец Јануари се регистрирани нови 53 лица заболени од грип, кои со претходно пријавените покажуваат бројка од досега вкупно регистрирани 97 заболени од грип.

Променливите временски услови можат оваа бројка да ја зголемат е мислењето на лекарите.

Поголемиот број на заболени се меѓу 15-64 години а додека помал е бројот на заболени од предучилишна и училишна возраст.

Лекарите и понатака апелираат да нема масовни собирања, да се редовно мијат рацете и да се проветруваат просториите каде се поминува поголем број од времето, и да се употребуваат што повеќе витамини.

Лекарите сметаат дека бројката на заболени од грип е поголема во овој период, но голем дел од заболените немаат побарано лекарска заштита туку се подложени на домашно лекување.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари