Владо Андов, еден од основачите на ФК „Кочани“ а подоцна и на ЖФК „Кочани“ деновиве упати известување до Претседателот на ЖФК „Кочани“ Љупчо Папазов во кое го информира дека поднесува неотповиклива оставка на местото Потпретседател и Координатор на ЖФК „Кочани“.

Оставката како што пишува во известувањето ја поднесува од лични причини.

Во понатамошниот дел од известувањето Андов пишува: „Би сакал да Ви се заблагодарам за довербата што ми ја дадовте во изминатите десет години да бидам дел од Вашиот тим, поточно од самото негово формирање до денес. Голема благодарност за поддршката и разбирањето што го имавте сите овие години, што придонесе клубот успешно да го афирмира машкиот (пионери) и женскиот фудбал во Република Македонија и надвор од неа. Ми претставува голема чест што бев дел од успешната работа на ЖФК „Кочани“ за која зборуваат постигнатите резултати“.

Инаку моментно Владо Андов ја извршува функцијата, Координатор на женскиот фудбал во Македонија.

С. Ивановски

P3280020

P3170843

P1180088

P3510252

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари