Втора седмица како дел од екипата на ЖФК „Кочани“ спроведува дел од подготовките пред стартот на пролетниот дел од првенството.

„Стартувавме на 27 Јануари и овде во Кочани работи само еден дел од екипата, а додека во Скопје и Прилеп девојчињата работат според направената програма која им ја доставивме пред стартот со подготовките. Првиот заеднички собир го имаме во Четврток а до Недела ќе работиме по двапати дневно, претпладне на терен, а попладне во сала. За 21 Февруари закажавме контролен натпревар со екипата на „Тиверија“ кој ќе го одиграме по се изгледа во Кочани, а за 28 е закажан првиот натпревар од Женскиот Куп на Македонија“ е дел од изјавата на тренерот на ЖФК „Кочани“ Оливер Јовановски.

Дознаваме дека екипата на 4-ти Мар заминува за Крајова (Романија) каде ќе учествува на Меѓународен турнир на кој освен тие и домаќинот „Реал Крајова“, учествуваат и „Машинац“ од Ниш (Србија) и „Олимпија“ од Софија (Бугарја).

На 5-ти се играат натпреварите „Реал Крајова“ – „Олимпија“  и „Машинац“ – „Кочани“ а на 6-ти се игра натпреварот за третото место и големото финале.

Засега клубот го напушти само Афродита Салихи, а нови играчи од страна не се планираат. Во првата екипа се вклучени најталентираните девојчиња од младинската школа од кои веќе некои „чукаат“ на вратата на Репрезентацијата на Македонија У-17.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари