Во присуство на Дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов, Градоначалникот на Општона Кочани Ратко Димитровски, пратеникот во Собранието на република Македонија Иван Иванов, денес во населбата Оризари свечено во употреба беше пуштена новата Детска градинка „Кокичиња“ како еден од клоновите на ЈОУ Детска Градинка „Павлина Велјанова“ од Кочани.
Градинката започна да се гради пред помалку од две години и сега истата е комплетно завршена и дадена на користење. Во градинката „Кокичиња“ моментно се запишани 33 дечиња а истата е со капацитет од 50.
За изградба и опремување на градинката Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија заедно со Општина Кочани потрошија 3.000.000,00 денари.
На свеченото отворање на градинката присуствуваа и голем број на вработени од детските градинки во Кочани и основните и средни училишта.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.