Втора седмица по ред како играчите на „Каменица Саса“ се подготвуваат за стартот на првенството во Третата Фудбалска Лига – Исток каде до последното коло ќе се борат да обезбедат опстанок во лигата.

Според зборовите на тренерот Стојче Милошевски пролетта ќе биде тешка за екипата доколку во овој преоден рок не се засили со 2-3 играчи. Средниот ред и нападот се болната страна на „рударите“ па затоа се бараат играчи од ваков тип.

За да се консолидира екипата „рударите“ направија и една, но многу важна кадровска промена. Имено на почетокот на овој месец за Претседател на „Каменица Саса“ е поставен некогашниот нејзин играч и на „Вардар“ од Скопје, Тони Анастасовски.

„Рударите“ иако се наоѓаат во долниот дел на табелата сепак изразуваат оптимизам дека со заеднички сили и добро организирани подготовки во пролетниот дел од првенството ќе соберат доволно бодови за да и идното првенство се натпреваруваат во овој ранг.

Новина е што деновиве започна изградбата на долго најавуваните соблекувални, така да во најскоро време пресоблекувањето на судиите и играчите во училниците на училиштето и правењето записник по кафеаните ќе станат минато.

Се извинуваме за квалитетот на фотографиите.

С. Ивановски

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари