Територијалната Противпожарна Единица од Кочани во средата имала дури пет интервенции, од кои секако онаа во непосредна близина на СОУ „Гошо Викентиев“ била најголема.

По добиената дојава во ТППЕ – Кочани во 17:50 часот, три противпожарни возила со 8 пожарникари се упатиле на местото на настанот. Поради силниот ветер огнот бил со поголеми размери и доколку не била правовремена интервенцијата на пожарникарите постоела опасност пожарот да зафати некои од околните куќи како и дрвата во дворот на училиштето. Пожарот е ликвидиран во 18:45 часот.

Поради запалено стрниште во близина на игралиштето покрај Масалница во населбата Оризари во опасност бил доведен магацинот со роба во непосредна близина на самото игралиште.

Интервенирано е и во село Прибачево и село Грдовци каде бил запален оџак на семејна куќа, како и во село Спанчево каде паднал електричен столб.

С. Ивановски

2

3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари