Па ќе почнам со кратката биографија од првиот дел: Имам членска книшка од 1998 година, имав 15 години, у средношколските години нема 1-ви Мај на кој се немам степано по партиска основа. У 2002 година го дочекав и правото на глас, веќе 16 години активист, врекло, лепач на плакати, сечам вени и ропам патриотски песни. Како и у првиот дел, така и у овој втор дел, ќе ги објаснам случувањата во партијата за кои сите сме на некој начин свесни ама никој не прозборува имајки го прифатено МОЛКОТ како ст(р)ав.

Траеме си ради две причини: Или чекаш да ти завршат некоја работа или си партиски „инвентар“. Партински „инвентар“ се сигурни гласачи. Сигурен гласач е најзаебано, ништо не добиваш ути едноставно си СИГУРЕН. Печалат тиа шо не са сигурни, тиа шо се премеќат у сите партии, и за да ги напраат сигурни членови-вработат ги. Има ги ногу шо трпат за леб, стварно треба партиски да се вработат ама сигурен си брат, поднеси си у приватно. Не бе друже, не те вработуват ако немаш грб или ако незнаеш да праеш длабоки поклоненија. Длабоко поклонение е чин кој се врши пред главните у партијата, и тоа се прае така шо коа се поздравеш со них мора да се поклонеш, блага насмевка и да кажеш убава дума.

Виа несвесно ме нападихте од партијата.

„Едни коњи за рада, едни за парада“. Бех два мандата претседател на Месната заедница, главен виновник за сите селски проблеми. Фалило оноа, фалило овоа, кој тоа треба да опрае – те Ненад. Ќе довагал градоначалник, пратеници, раководители, некои од владата, кој ќе ги пречека и ќе одрже приемен говор, ќе исчисте салата, ќе се организирало нешто, те играорни ќе доагале, план за сеидба, кој ке напрае тоа – Ненад. Дојдат избори, требало да се оде од врата на врата, кој ќе продумал на некој несигурен гласач, кој ќе разнаса отчето, програмата – те Ненад. На ФБ главен врекло, ФБ профил ВМРО ДПМНЕ Грдовци и еден од админите на О.К. ВМРО ДПМНЕ Кочани. И свашта, и не е битно. Неле врмовец се раѓа, не се станува. Дојде време коа мојта фамилија затрпе за леб. Никој вработен. Тражев работа ама џабе е се ако немаш грб.

Вие ме убедувате за успесите на владата преку разни бројки колку се изградило, инвестирало, направило. Не ми думај за тиа бројки бе пријателе. Ја ги знам тиа бројки поарно од тебе ути ти не си поголем вмровец од мене, ти ми ги кинеше плакатите пред 10 години, и не ме интересират тиа бројки ути и тебе не те интересираа мојте бројки шо беа на сметките за струја, вода… кои бројки се трупаа… и ме исклучија. Немало место никаде по државните места, а дека и да отидам, у која било државна институција само гледам нови фаци, нови вработени, еден врз друг, и барем да е дете од партијата да не ми е криво. Првпат го гледам, не е окадил у штабо, некој тежок партиски анонимус, после почне да оде у штабо де, ама и дознаам чиво е, нормално дете од фамилиа.

Виа ме нападихте од партијата.

Целата работа денеска со ВМРО е интересо, работно место. Aмари не ми расправај дека са те вработиле ути цел живот трчеш за партијата или дека си некој капацитет – таквите се у странство или кој како се снајде, по приватни фирми, ….у штабо не сам те видел двапати или па откако те вработија почна да доаѓаш!… ја ќе ти кажам: 1.или имаш грб (влијателна личност ти е татко, мајка, вујко, чичо, маж, дечко, етрва, свекрва…) 2. или некој од локалните мокници те репа квалитетно. На последните избори сегде тепа ВМРО, дури и у Струмица, а изгуби у Центар (Скопје), Арачиново, уште у 3 места у државата, и у Грдовци со огромна разлика. Наште грдовски партиски водичи со цела фамилија на државни јасли, убедени дека едноставно тоа е така и не се мене. Овиа главните од Кочани тражат одговор зашо е тоа така. Па една фудбалска екипа коа губе, не се мене публиката бе другари, мене се тренеро, играчите. Истите играчи се 20 години главни у штабо, 20 години губат како мали деца, а они како едно злосторничко здружување па не се тргат од сцената имајки ги за цел интересите. Полуписмени, ај да не речам неписмени, кажуват ми како да работе партијата. До кога да те слушам и да биде по твое и да губеме со дупло разлика? Незнаеш да бекнеш, галамеш у штабо како да си у полето. Маани ми се. Глеј си убавата државна работа, мотај ги овиа од Кочани и губи уште 100 години, алал да ти е.

Виа ме нападихте од партијата.

Ненад Стојанов – Кмето

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари