Одделението за даноци, такси и надоместоци од Општина Кочани ги известува граѓаните од Општина Кочани дека започна со доставата на решенијата за данок на имот и за комунална такса.

„Би сакал да ги известам даночните обврзници од Кочани дека е во тек доставата на решенијата за данок на имот и за комунална такса. Ќе бидат доставени 11.080 решенија за данок на имот на физички лица, 237 решенија за данок на имот на правни лица и 2.031 решение за комунална такса односно фирмарина. Доставата на решенијата на соодветните адреси се врши лично, преку  службени лица од Општината“, соопшти Дејан Рашков од Секторот за финансиски прашања во Општина Кочани.

Во таа насока од Општината упатија апел до обврзниците да ги примаат документите и согласно законските прописи да извршат навремена наплата на односните даночни обврски.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари