Радовиш беше домаќин на „Изборното сениорско првенство во борење“ на кое се појавија 54 борачи од 7 клубови (Вардар, Бучим, Балканец. Лирија, Тефејуз, Неготино и Работнички).

Некогашниот борач на „Спартак“ од Кочани Александар Павлев на првенството ги бранеше боите на БК „Вардар“ од Скопје. Тој настапи во категоријата до 72 килограми и со две победи (претставниците на Лирија и Тефејуз) влезе во финалето каде за противник го имаше Дејан Митров (Балканец).

За жал, поради повреда Павлев ја предаде борбата и на крајот го зазеде второто место.

Уште двајца негови клупски другари се појавија на душекот, Русинот Владимир Егоров во категоријата до 57 килограми беше прв, а Иван Виќиќ во категоријата до 97 килограми се пласираше на петтото место.

С. Ивановски

2

3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари