Нешто после 13:00 часот Амбулантното возило на кое му беше вклучена сирената поради лошо паркираните возила на улицата „Димитар Влахов“ повеќе минути остана блокирано.

Од пред зградата на „Одделението за катастар на недвижности“ па се до излезот од тунелот на Градскиот Трговски Центар неколку минути колона на возила беа блокирани меѓу кои и Амбулантното возило на „Општа Болница“ – Кочани.

Кога веќе градските власти решија да наплаќаат на улицата за паркинг простор, треба да поведат сметка и за тоа кој и како ги паркира возилата.

Зошто беше вклучена сирената на Амбулантното возило не можевме да дознаеме, но факт е дека се работеше за итен случај.

С. Ивановски

DSCN4635

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари