Пред нешто повеќе од пет години тогашниот Директор на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Голубинка Георгиева и членови од Иницијативниот Одбор организираа прес конференција на која на големи ѕвона беше најавено формирањето на спортски клуб во самото училиште.

Како што тогаш изјавија, целта на формирањето на спортски клуб во самото училиште е да учениците на некој начин бидат повеќе ангажирани и присутни во самото училиште.

Како приоритет на новоформираниот спортски клуб беше потенцирана корективната гимнастика со можност да можат учениците подоцна самите да одредат кои се дисциплини, односно спортови ќе бидат застапени.

Клубот никогаш не проработи, но истиот предизвика караници во Советот на Општина Кочани кога советниците од мнозинството се изборија да влезе како стапка за финансирање во Буџетот на Општина Кочани за 2014 година.

Зошто нЕ заживеа овој спортски клуб кој на големи ѕвона беше најавуван одговорот ќе треба да го дадат надлежните институции.

С. Ивановски

P2180220

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари